| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми – шеф на изборниот штаб на ДУИ

abdulakim-ademi_2

На последната седница на централното претседателсво на  Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) било решено дека Абдулаќим Адеми е избран за шеф на изборниот штаб на партијата.

– ДУИ уште еднаш го потврдува ставот дека консензуален кандидат е предлог чија цел е инсталацијата на еден нов стандард во земјата и зголемувањето на довербата на граѓаните кон институциите како и  би придонело и во легитимноста на претседателот на земјата. ДУИ оценува дека одржувањето на слободни, фер и демократски избори е обврска на Државата, затоа како партија која е дел од Владата се ангажираме тоа и да го оствариме – велат од ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top