| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја посети повредената руска олимпијка

putin-ruska

Рускиот претседател Владимир Путин, ја посети руската репрезентативка во слободно скијање во дисциплината „cross“, Марија Комисарова, која беше итно оперирана, откако вчера заработи сериозни повреди на ’рбетот.
Комисарова падна на тренинг пред настапот на ЗОИ во Сочи и се здоби со скршеници на 12.торакален прешлен.

putin

Како што пренесуваат медиумите, лекарите при операцијата која траела шест часа успеале да и вградат метален имплант и да ги санираат останатите повреди на ’рбетот, кои се јавиле по стравичниот пад.
Рускиот претседател веднаш по операцијата дошол во посета на Марија Комисарова, побарал од лекарскиот тим да се вложи максимално за здравјето на руската натпреварувачка, а потоа имал средба и со нејзиното семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top