| четврток, 6 декември 2018 |

Јансруд се закити со златен медал во супервелеслалом во Сочи

Норвешкиот скијач и член на олимписката репрезентација на Норвешка Кјетил Јансруд на Олимписките игри во Сочи го освои златниот медал на трката во супервелесалалом со време 1:18.14 минути. Тој беше побрз од американецот Ендрју Вајбрехт за 30 стотинки. Третото место го поделија Боде Милер од САД и Канаѓанецот Јан Худек со заостанување од 57 стотинки за победникот. Лидерот во генералниот пласман кој важеше за најголем фаворит на трката Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал го освои разочарувачкото седмо место со заостанување од 62 стотинки. Ова беше последната трка од брзинските натпревари. Во следните денови ќе почне разврската во техничките дисциплини во велеслалом и слалом.
Јансруд кој е голем фан на фудбалскиот клуб Ливерпул го побара стартиот дрес со број осум во чест на Стивен Жерард, капитенот на црвените од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top