| четврток, 6 декември 2018 |

Пукнат нос, скршен прст – тепачка меѓу турските пратеници

Members of parliament from the ruling party Justice and Development Party (AKP) and the main opposition Republican People's Party (CHP) brawl at a parliamentary session in Ankara

Тепачка во турскиот Парламент. Пратениците жестоко се пресметале за време на маратонската седница на која се расправало
за спорниот закон за контрола на владата над судството. Пратеникот од најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија, Али Ихсан Коктурк заработил скршен нос, а на членот на владејачката партија, Бајрам Озџелик му настрадал прстот.
Судирот настанал бидејќи опозицијата смета дека владата планира со носењето на спорните мерки да влијае на истрагата за корупциската афера која ја тресе Турција во последните месеци.

Members of parliament from the ruling party Justice and Development Party (AKP) and the main opposition Republican People's Party (CHP) brawl at a parliamentary session in Ankara

Со спорниот закон Министерството за правда ја доверува контролата над судиите и обвинителите, а одбива пошироки овластувања кога станува збор за нивно именување, додека министерот може да покренува истраги против Високиот совет за судии и обвинители, како и право да става различни прашања на дневен ред на тоа тело. Турската полиција во декември 2013 година приведе над 50 лица, вклучително и неколкумина важни бизнисмени и синови на тројца министри. Покрај тоа, во петокот се дозна дека за време на истрагата за корупција испитан бил и синот на премиерот Ердоган, Билал.

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top