| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Мишо Ковач:Татко ми ме спаси од наркомански пекол

miso_272746S1-650x325

Едвај се „симнав“ од дрогата, а од наркоманскиот пекол никогаш немаше да се извлечам без помошта татко ми – вели Ивана Ковач, ќерката на хрватскиот пејач Мишо Ковач, во интервјуто за „Јутарни лист“. 33-годишната пејачка, која од мали нозе настапувала со Мишо, објаснува дека почнала да користи наркотици во 1999 година, кога татко и се обиде да изврши самоубиство.

Прва реагирала нејзината мајка Анита која забележала дека нешто не е во ред со Ивана, а потоа се ангажирал и Мишо и неговата сегашна сопруга Лидија. Пејачот ја однел ќерката во болница, а потоа ја натерал да отиде во комуна во Чиово.

-Се извлеков, но не беше воопшто лесно. Можам да речам дека за мене пресуден беше стравот од враќањето во комуната кој ме освести – кажала Ивана која во комуната поминала две години.

Наспроти сите правила на комуната во која штитениците можат да комуницираат со родителите два пати во годината, Мишо секојдневно ѕвонел на телефони се распрашувал за неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top