| четврток, 6 декември 2018 |

Нови градинки, реконструкција на старите

Detska_gradinka_

Минатата година и во јануари оваа година се изградени, реконструирани и адаптирани 16 градинки. Оваа година Владата планира да започне изградба, да реконструира или да адаптира уште 15 градинки.

– Ние подготвивме еден проект за градба, реконструкција и адаптации на градинки и во 2013 и во првиот месец од 2014, изградени, адаптирани и реконструирани се вкупно 16 градинки. Осум нови се пред сам почеток на градба или на адаптација или на реконструкција, а седум други се планираат во средината или во втората половина на оваа година да започнат и веројатно за неколку месеци ќе завршат. Практично секоја година ќе тераме една таква динамика, изјави Груевски.

Тој потсети дека во претходните децении овој дел бил прилично запоставен.

– Ретко да се памти некоја нова градинка да биде изградена или просторија што не била градинка да биде адаптирана во градинка, што е исто како нова градинка, или пак да биде темелно реконструирана. Тоа е еден процес кој долго бил запоставуван. И конечно пред неколку години со фокусирање на Владата на оваа значајна сфера во одгледувањето и чувањето на децата и нивно растење во една здрава средина, каде ќе имаат сериозна социјализација, ќе научат многу работи, ќе престојуваат во безбедни и здрави услови, Владата се фокусираше и веќе ги имаме првите резултати. Така и ќе продолжиме, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top