| четврток, 6 декември 2018 |

Ја фрлил во шахта бидејќи и должел пари (Видео)

sahtaБезбедносните камери во кинескиот град Хаику ги снимиле моментот кога момче ја фрла својата девојка во шахта длабока преку три метри, по што го затвора металниот капак.

Снимките покажуваат како тој птво ја отвора шахтата, отворот го прекрива со картон, а потоа додека надвор врне, ја наведува девојката точно на отворот. Кога таа пропаѓа, но се задржува на работ, тој брутално ја фрла во отворот. Потоа го враќа капакот, а одозгора достава и други работи кои ги наоѓа на улицата.

Несреќната жена по првичниот шок почнала да вика, а откако никој не ја слушнал, направила јаже од облеката, се искачила до отворот, но не можела да го поткрене. Помош чекала цели три дена, кога случаен намирник ги слушнал повиците.

Бледа и изгладнета, само по долна облека е извадена од шахтата. На полицијата раскажала дека поранешниот партнер и бил зависник од коцка кој и должел многу пари.

Кога го привеле, признал дека планирал да ја убие.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top