Кинескиот филм „Црн јаглен, тенок мраз“ во режија на Јинан Диао, победи на овогодинешнното 64 Белинале, меѓународниот филмски фестивал. Ја освои „Златната мечка“ а се работи за криминалистичка приказна која е темна сложувалка од љубов, одмазда и сексуална привлечност во едно општество без морал.
Кинезите вечерва собраа бројни награди во Берлин. 40 годишниот главен актер во победничкиот филм Фан Лиао е прогласен за најдобар на фестивалот, а ја земаа и наградата за најдобра камера и фотографија.
Сребрената мечка за актерите е во рацете на 23 годишната јапонска глумица Хара Куроко за улогата во филмот „Мала куќа“ (Chiisai Ouchi) на Јоја Јамада.
„Сребрената мечка“ големата награда на жирито ја понесе американскиот филм „Гранд Будапест Хотел“, а „Сребрената мечка“ за режија- Ричард Линклакер за „Бојхуд“ (Boyhood).
Германските домаќини се израдуваа на наградата „Сребрена мечка“ за најдобра режија на братот и сестрата Ана и Дитрих Бригеман за драмата „Кројцвег“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура