| четврток, 6 декември 2018 |

Половина од жителите на Битола повеќе од еден час без струја

Нешто по 20 часот половина Битола е без струја, објави „Нова Македонија“. Според информациите од ЕВН Македонија причината  за немањето струја беше дефектот на Трансформаторот 110/10 км на “Битола 4”.  Со максимално залагање на дежурните екипи на ЕВН Македонија дефектот беше  отстранет дури нешто по  21 часот и 40 минути.

Испаѓањето  од електричната мрежа  во нова  Битола најповеќе ја почувствуваа болните во Клиничката болница, кои поради дефект на агрегатот мораа дури 20 минути да поминат во темница.

Засега не се познати причините поради кои дојде до испаѓање на трансформаторот Битола 4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top