| четврток, 6 декември 2018 |

Сајмон Ковел доби син

sjmonМузичкиот продуцент Сајмон Ковел, познат по улогата на судија во реалното шоу „Х-фактор“, доби син. Неговата девојка Лорен Силверман вчера роди момче на Денот на вљубените, пишува „Пипл“. Детето ќе се вика Ерик, а на свет пристигна во Њујорк.

– Среќни сме што можеме да објавиме дека се роди Ерик, здрав и згоден, напиша на својот Твитер профил Сајмон.

Двојката во текот на летото минатата година објави дека е во врска и дека очекува дете. Веста беше изненадувачка бидејќи Лорен до неодамна беше во брак со пријателот на Сајмон Ендрју Силверман. Сајмон призна дека целата ситуација е засрамувачка, но како и дека сега е смирен и среќен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top