
Ракометарите на Зомимак М го доживеаја и вториот пораз во 2.коло од групната фаза во ЕХФ Купот. Денеска играчите на струмичкиот тим загубија на домашен терен од дански Скјерн со 23-24 (11-12).
Иако покажаа солидна игра, во самиот финиш не успејаа да се изборат за барем за нерешен резултат. Имаа кризи, но сепак успејаа да се вратат во игра. Имаше периоди во кои губеја со пет гола разлика, но сепак успеваа резултатски да се приближат. Во самиот финиш се влезе во неизвесна завршница па Павловски на три минути пред крајот погоди за 22-22. Следуваа погодоци на двете страни, (Ангеловски за сонимак), но при резултат од 23-24 на 50 секунди пред крајот Чантурија не реализираше зицер.
Најефикасен во нашиот состав беше Младеновски кој имаше одлично издание. Тој постигна со шест гола, додека Ангеловски три. Со шест гола мечот го заврши и играчот во данскиот тим, Расмусен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


