| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона на Лазаров го надигра ПСЖ

Барселона лесно стигна до нови бодови, совладувајќи го на Пари Сен Жермен во натпреварот кој денеска се играше во рамките на ЛШ.  Крајниот резултат беше 38:28 (19:9). Десетте разлика не се највисоката разлика која ја имаше овој тим. Шпанскиот тим во неколку моменти од натпреварот водеше и со 12 разлика.

Најдобар кај Барселона беше Томас, со десет постигнати гола, додека кај Пари Сен Жермен по пет гола постигнаа М’тима и Гарсија. Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен, остана на само еден постигнат гол. Македонскиот ракометар Кире Лазаров не се запиша на листата на стрелци. Тој о почетокот на второто полувреме не реализира седмерец, откако гостинскиот голман Хосе Мануел Сиера Мендез му го одбрани ударот.

Наредниот викенд тимот на Барселона гостува во Скопје, каде ќе се сретне со тимот на Металург. Средбата е закажана за 23 февруари во спортскиот центар Борис Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top