| четврток, 6 декември 2018 |

По 21 година срушен рекордот на Бубка

Renaud Lavillenie

Конечно срушен дваесет и една година стариот рекорд на Сергеј Бубка. Тоа му успеја на францускиот скокач со стап Рено Лавилени кој во Доњецк скокна 6,16 метри. Бубка за време на една деценија гои креваше рекордот, почнувајќи од 5,94 метри до конечни 6,15.

Откако од прв обид успеја да скокне еден сантиметар повеќе од Бубка, Лавилени на својот твитер профил напиша:

„СВЕТСКИ РЕКОРД!!! 6,16 метри од прв обид! Ова е неверотојатно, и натаму летам“.

Тој сака да прескокне и 6,21 метар.  27- годишниот Лавилени додаде:

„Беше потполно лудо. Сакав да го дадам својот максимум, ова е неверојатно. Сакам да скокнам 6,16 овде во Доњецк. Ми беше предизвик бидејќи и оној најдобриот Бубка беше присутен“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top