| четврток, 6 декември 2018 |

Затруените од Гостивар пуштени на домашно лекување

Toksikologija truenje03 (Custom)
Сите  пациенти со симптоми на труење кои беа хоспитализирани во болницата во Гостивар и на скопската Клиника за токсикологија се пуштени на домашно лекување. Нивната здравствена состојба е добра, а дополнително,  токсиколошките испитувањата ќе откријат за каков вид на труење станува збор.
Кај граѓаните постои вознемиреност, а средното економско училиштем во коие настана труењето во понеделник ќе работи нормално. Општината бара надлежните брзо да го решат случајот кога беа хоспитализирани 60 лица,  меѓу кои 50 ученици.
 Тие вчера попладне се пожалиле на потешкотии со дишењето, солзење и вознемиреност. Непријатната миризба ја почувствувале од ходникот во кој се наоѓаат соблекувалните, во просторот помеѓу спортската сала и објектот во кои се училниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top