Црногорската полиција денеска се судри со група демонстранти, кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Владата на Подгорица.
Демонстрантите фрлале со камења, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец. Во судирите е повреден најмалку еден полицаец. На местото на протестот се распоредени и припадници на специјланите полициски единици.
Протестите ги организира Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора – сите на улица“. Групата од вчера најави дека ќе организира протест пред зградата на црногорскиот Парламент во Подгорица, каде ќе бара смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.
Организаторите на протестот бараат оставка на Владата на Црна Гора и оставка на сите пратеници во црногорскиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


