| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Сочи: Руска скијачка ја скрши кичмата

Марија Комисарова, руската натпреварувачка во акробатско скијање, тешко се повреди на тренингот во Сочи, поради што е итно оперирана.

Младата Русинка Марија го заврши настапот на Зимските олимписки игри во Сочи, пред старто на натпреварувањето во акробатско скијање.

Таа на тренингот во екстремниот парк Роза Хутор доживеала тежок пад и ја скршила кичмата.

Лекарот на руската скијачка федерација Мирзали Самедов изјави дека 23-годишната натпреварувачка е итно префрлена во болница и веднаш оперирана.

– Таа под итна постапка е оперирана во болницата во Красна Полјана – вели неименуван извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top