На Клиниката за инфективни болести денеска почина 60- годишна пациентка од Охрид кај која лабораториски била потврдена инфлуенца А. Таа е петта жртва на грипот во оваа сезона.
– Пациентката пред 10 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и со претходно хронично оштетување на белите дробови, со масивна бронхопневмонија, апцеси во слезинката и црниот дроб. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала, соопшти
Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 113 пациенти, од кои повеќе од половина се со клиничка слика на грип. Од нив, шест лица се на интензивна нега, а тројца се приклучени на механичка вентилација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


