| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанката Паце мис-пензионерка на Македонија

Во конкуренција на неколку стотици пензионери, кои вчера го прославуваа празникот Свети Трифун, на забава во Kавадарци, прилепчанката Паце Милонас ја доби наградата најубава пензионерка во Македонија.

Прилепската Хурем, како што ја нарекоа, ги победи другите десетина противкандидатки и се закити со ласкава титула, пренесува Дневник.

– Многу убаво се чувствувам. Ова ми е драга награда бидејќи докажува дека жените може да бидат убави и во третата доба. И досега сум добивала многу награди за различни работи, сум била избрана и за најдобра и највесела игроорка – вели Паце.

Паце е во пензија, а била работничка во прилепската печатница. Но нејзината става, рекоа присутните, повеќе личи како да работела цел живот како шефица, велат присутните. За добриот изглед, таа вели:

– Многу јадам зеленчук и овошје, не јадам многу месо, ги постам сите пости. Исто така, многу пешачам. Не е тајна дека користам и козметика, но сепак мислам дека природната убавина е најважна, можеби генот тука има најмногу направено – вели пензионерката за весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top