Вчера во 17,30 часот во Охрид на раскрсницата од бул. „Македонски Просветители“ и ул. „Димитар Влахов“, полицајци од СВР-Охрид при вршење работи од областа на сообраќајот, го предупредиле лицето А.Ј.(28) од Охрид поради паркирање на на обележан пешачки премин, но тој одбил да го тргне возилото, по што во еден момент го стартувал истото и со предниот браник го удрил полицаецот во пределот на десната подколеница.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


