Во дијалогот Белград-Приштина е постигнат историски напредок во нормализација на односите, а од клучна важност е дијалогот да продолжи со истата посветеност, изјави синоќа во Советот за безбедност на ОН високиот претставник на
ЕУ Кетрин Ештон.
– Постигнат е историски напредок во нормализација на односите на Белград и Приштина. СБ на ОН во понеделникот имаше можоност да ги слушне обраќањата на српскиот премиер Ивица Дачиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи, и од нив можевте да слушнете колку е важна оваа позитивна работа за нивните граѓани, за стабилноста на Западен Балкан и неговата европска иднина, рече таа пред СБ на ОН.
Дијалогот Белград-Приштина беше процес со конкретни резултати кои го променија секојдневниот живот на луѓето во регионот, истакна таа. Ештон додаде дека дијалогот во иднина ќе биде се повеќе дел од процесот на интеграција на
двете земји во Унијата, јави Танјуг.
– Но пораката која денеска ја упатувам до Белград и Приштина гласи дека од клучна важност е да се продолжи дијалогот со истата посветеност. Приврзаноста на ЕУ кон овој процес ќе биде силна како и досега, изјави Ештон во СБ на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина


