| четврток, 6 декември 2018 |

2014 година ќе биде најтопла година во историјата

Научниците веруваат дека 2014 година ќе биде најтопла година било кога забележана на планетата, затоа што, како што велат, Ел Нињо, глобалниот атмосферски-океански феномен, е подготвен да исфрли огромни количини топлина во атмосферата.

Ел Нињо ги претставува силните температурни бранувања на површината на источен Пацифик кои имаат големо влијание на временските прилики и можат да направат климатски хаос ширум светот.

Дали Ел Нињо ќе се појави токму годинава – научниците по ова прашање се поделени. Калифорнискиот климатолог Тим Барнет вели дека методите се застарени и се користеле минатиот век, а австралискиот климатолог Ендрју Воткинс верува дека шансата да се појави Ел Нињо сигурно постои, но не може да прогнозира дали годинава ќе се случи.

Околу едно научниците се согласуваат – секои 10 години Земјата ќе биде погодена од големи суши и пожари, а шансите тоа да
се случи годинава се 75%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top