Милан долго време се мачеше да ја пробие фантастичната одбрана на Болоња, а најверојатно и така ќе завршеше натпреварот да не беше моментот на инспирација на Марио Балотели.
Напаѓачот на „росонерите“ во 87. минута со фантастичен удар од преку 30 метри биеше во горниот десен агол, што беше неодбранливо за голманот на Болоња.
Многумина сметаат дека овој гол на Балотели ќе биде прогласен за гол на годината и покрај тоа што е февруари и сигурно ќе гледаме уште многу слични.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.