Хрватската пејачка иако можеби очекуваше полна „Комбак Арена“, Дорис Драговиќ доживеа вистински дебакл. Иако тоа беше нејзиниот прв настап по 25 години, таа едвај собрала 1.500 луѓе.
За првиот настап на Дорис Драговиќ, по 25 години во Белград од самиот почеток немаше речиси никаков интерес, ниту кај публиката, но ниту кај ВИП личностите. Пејачката успеа да го привлече вниманието на 1500 луѓе, иако Комбанк Арена собира околу 20 000 луѓе.
Концертот започнал со песната „Марија Магдалена“, а пејачката им се обратила на присутните со зборовите:
– Срцето силно ми тропа. Ви благодарам мои најубави пријатели. Среќна сум што се сретнавме на овој убав ден. Ви посакувам доколку се уште не сте, вечерва да се вљубите.
Иако се најавувало деке на концертот ќе присуствуваат познати естрадни личности, сепак меѓу најпознатите била поранешната учесничка на „Фарма“ Сузана Перовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница