Перо Антиќ, за жал, не успеа да ја санира повредата на скочниот зглоб и поради тоа не настапи на вчерашниот меч на „Рајзинг старс челенџот“ во Њу Орлеанс иако беше избран од помошник-тренерите во НБА-лигата. Како негова замена настапи Мајлс Пламли од Феникс Санс.
Тој беше избран меѓу деветте дебитанти и беше вбројан во тимот што ќе го предводи Грент Хил. Иако не настапи на Олстарот сепак Перо беше на клупата да ги бодри.
Тимот на Хил предводен од одличниот Андре Драмонд со постигнати 30 поени и 25 скока што е нов рекорд на ова натпреварување успеа да го совлада тимот на Вебер со резултат 142-136.
Видеото погледнете го тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.