Премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вечерва ги посети пациентите од Гостивар на Клиниката за токскологија кои што попладнето беа префрлени од гостиварската болница. Тој се сретнал со нив, разговарал, за да лично се запознае со инцидентот.
Спопред информациите, тие му го пренеле истото што и на докторите во токсикологија, дека одненадеж почнале да им соллзат очите, ги печеле, а истото печење го почуствувале во грлото. Се сомневаат на гас кој немал ниту мирис, ниту вкус, ниту извор. Пациентите се учници и професори во економското училиште.
Докторите на клиниката, каде е констатирано дека нема влошена состојба на примените, ниту пак анализите покажале присуство на било какви сомнителни супстанции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.