| четврток, 6 декември 2018 |

Четири милиони денари обештетување за поплавите во Гевгелија

Kriva-Palanka-poplavaОколу четири милиони денари ќе им бидат исплатени на 145 граѓани за претрпените штети на земјоделските посеви од обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија општина Гевгелија во март 2009-та година. Советот на општината денеска донесе одлука за исплата на овие средства.
Сумата претставуава десет отсто од претрпената штета согласно Елаборатот што беше изготвен веднаш по невремето и воедно е последна трета рата од вкупното обесштетување кое беше утврдено од Владата на Република Македонија.
Во јануари 2010-та година беа исплатени 15 отсто или околу шест милиони денари, во август истата година уште пет отсто, односно два милиони денари и сега ќе бидат исплатени последните десет отсто од утврдената штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top