Перо Антиќ нема да игра на олстар-викендот, но како еден од изгласаните да учествува, ќе биде дел од екипата и ќе седи на клупа.
Тој се пофали со опремата што ќе ја носи на натпреварот. Црниот дрес со број 6 и патиките во сите можни бои. „Опремата за олстар“, напиша Перо како придружен коментар на оваа фотографија на „Инстраграм“. Тој беше избран меѓу деветте дебитанти и беше вбројан во тимот што ќе го предводи Грент Хил. Не може да настапи затоа што се’ уште не му е заздравен скочниот зглоб на десната нога.
Натпреварот меѓу дебитантите и кошаркарите кои втора година играат во НБА се игра вечерва во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.