| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот премиер Енрико Лета поднесе оставка

enriko

Италијанскиот премиер Енрико Лета поднесе неотповиклива оставка до претседателот Џорџо Наполитано, кој денес или утре ќе треба да именува нов предводник на италијанската влада.

До оставката на Лета дојде откако владејачката Демократска партија го поддржа барањето на нејзиниот лидер Матео Ренци итно да се формира нова влада. Според италијанските медиуми се очекува токму Ренци да ја преземе премиерската функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top