Пожар изби претпладнево во стан во Охрид, но со брза интервенција на охридските пожарникари тој брзо бил изгаснат, јави Охрид прес.
Како што информираат од Охридската територијална противпожарна единица, пожарот избил претпладнево во кујна од стан на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран над просториите на фирмата „АМЦ компјутери“. Огнот почнал од кај инсталацијата на кујнскиот аспиратор.
– Успеавме веднаш да го изгаснеме, при што не е причинета поголема материјална штета – информираат од дежурната противпожарна служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.