Останува само еден ден до големиот концерт на Жељко Самарџиќ во Скопје. Во тој еден ден, организаторот на концертот „Балкан mедија“ на големо ја адаптира „Метрополис арена“ и за седење и за стоење. Сите што уживаат во големите хитови на овој балкански романтичар, утревечер ќе можат и на стоење и на седење да го придружуваат Самарџиќ.
Билети во продажба и денес на официјалните продажни места, но доколку до крајот на денешниот ден не набавите влезница, истото ќе можете да го сторите и утре пред почетокот на концертот на билетарницата на „Метрополис арена“.
Жељко Самарџиќ денес, празникот на вљубените или оној другиот на лозарите, ќе го слави во друштво на македонските фанови. Веќе утре го очекува генерална проба и последни подготовки пред в сабота, конечно, да излезе на големата сцена и концертот да го посвети на полната „Метрополис арена“.
Влезниците и денес во продажба на стандардните продажни места: Пола Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор и многу други локални места низ државата. Цената на влезниците е: партер стоење – 400 денари, партер седење – 600 денари, ВИП галерија стоење – 600 денари, ВИП галерија седење – 700 денари, ВИП партер – 700 денари. Резервации за високи маси во ВИП делот на: 078 96 99 98
Веќе утре, истите ќе можете да ги купите и на билетарницата на „Метрополис арена“, пред почетокот на концертот. Вратите на арената ќе бидат отворени во 20 часот, почетокот на концертот е закажан за 21.00. На сцената пред Самарџиќ, ексклузивни гости ќе ја загреваат публиката за најголемиот балкански „љубовник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.