| четврток, 6 декември 2018 |

Екс членови на СДСМ на избори преку СДУ на Еленовски

Официјалната промоција на коалицијата, за која с` погласно се зборува дека е можно да ја поддржи и поранешниот лидер на СДСМ и некогашен премиер Владо Бучковски, кого исто така партијата неодамна го исклучи од своите редови, најверојатно ќе се одржи до петок

glasa-elenovski
Преку партијата на актуелниот абасадор во Белгија, Лазе Еленовски, бројни некогашни членови на СДСМ ќе влезат во изборната трка, пишува Дневник. Според весникот, Еленовски се согласил преку неговата партрија до 16 февруари да се кандидираат градоначалниците кои до рокот кој истече минатата сабота не поднесоа собрани потписи до Државната изборна комисија. Тоа пракитчно значи дека бројката на кандидати одметнати од СДСМ значително ќе се зголеми.
Покрај кандидирањето, според изворите на Дневник, се очекува и коалиција со веќе исклучените челнови на СДСМ. Меѓу нив се спомнуваат Димитар Бузлевски, Виктор Цветковски, Ташо Радњански, Михаел Младеноски.., и други незадоволни од СДСМ да партиципираат за локалните избори во коалиција со и преку СДУ.

„„Дневник“ неколкупати пишуваше за оформување фракција или ново крило до локалните избори составено од поранешни високи функционери на опозицијата кои СДСМ ги дистанцира поради несогласувања со партискиот врв. Некои од нив, поради незадоволство од одлуката за бојкот, најавија независен самостоен настап во март, а сега се здружуваат, за како што велат, да бидат посилни во придобивање на гласовите на СДСМ и на неопределените гласачи. Се очекува во текот на оваа недела да се заврши со договорите во коалицијата и со калкулациите каде и како ќе се настапи. Официјалната промоција на коалицијата, за која с` погласно се зборува дека е можно да ја поддржи и поранешниот лидер на СДСМ и некогашен премиер Владо Бучковски, кого исто така партијата неодамна го исклучи од своите редови, најверојатно ќе се одржи до петок.“ – пишува Дневник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top