| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционална прослава на Св. Трифун во скопското село Кучково (ВИДЕО)

kroenje-564x272

Празникот на лозарите, Св. Трифун денеска се слави во Македонија. Одбележувањето со традиционалното закројување на лозјата го прослави и скопското село Кучково. Жителите на ова село секоја година ги закројуваат лозјата за добар род и прават прослава во манастирот „Св. Трифун“, се собираат во голем број, а добредојдени се сите кои сакаат да го одбележат овој празник во весела атмосфера и чаша вино.

На прославата присуствуваше и поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, кој им го честиташе празникот на жителите и одржа молитва за здравје и бериќет.

– Ова е голем празник на кој се кројат лозјата за добар род. Ова, исто така, е  и ден на вљубените, па така на овој ден секоја година се слави и Св. Трифун и љубовта кои се спојуваат во едно, што е благодат за народот – вели еден од жителите на Кучково.

Св. Трифун понекогаш се прославува и со понекоја чашка алкохол повеќе. Во тој случај, пожелно е да се избегнува учество во сообраќајот.

Од МВР апелираат возачите да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не консумираат алкохол.

Дел од прославата за Св. Трифун може да погледнете на видеото на ТВ Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top