Денес во селото Драчево официјално ќе биде пуштен во употреба објект за деца од предучилишна возраст „Ѕуница“. Новата градинка која ќе биде под управа на ЈДГ “8-ми Март”, ќе згрижи приближно 90- тина деца од јаслена возраст во една група и деца на возраст од три до пет години во две воспитни групи.
Средствата со кои се финансираше работата на овој објект во целост се обезбедени од страна на Општина Кисела Вода, а внатрешното опремување на објектот со мебел, дидактика, опрема и сл. се реализира со заеднички средства на општината Кисела Вода и на ЈДГ”8 Март”.
На официјалното пуштање во употреба ќе присуствуваат Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и директорот на ЈОУДГ „8 Март“, Снежана Кливановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.