Десет сириски државјани и тројца Турци загинаа во експлозија на минибус на сириско-турската граница
Веста ја соопштија турските власти не прецизирајќи што ја предизвикало експлозијата во која се повредени уште неколку лица.
Смртоносната експлозија се случила во областа Чилвегозу на турската страна од границата, која е еден од главните премини за пребегување на сириските бегалци во Турција.
Минибусот со сириски регистарски таблички експлодирал само неколку метри откако го поминале граничниот премин. Во него покрај патниците имало и цивили и работници од хумантирани организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



