| четврток, 6 декември 2018 |

Писториус: Нема зборови кои би ја опишале мојата тага

Најуспешниoт параолимпиец во светот, атлетичарот од Јужна Африка Оскар Писториус рече дека е тажен што пред една година во својот дом во Преторија ја убил својата девојка Рива Стенкамп.

Писториус се изјасни преку соопштение по повод годишнина од убиството, во пресрет на судењето закажано за 3 март.

– Нема зборови со кои адекватно можам да ги изразам моите чувства за страшниот инцидент – рече Писториус во соопштението, цитираше „Бета“.

Писторуис минатата година пред судот изјави дека по грешка ја убил својата девојка, бидејќи тој мислел дека е некој провалник. Обвинителството го обвини 27-годишниот спортист за убиство со предумисла. Неговите истрели завршиле во главата и раката на Стенкамп.

– Болката и тагата, особено на родителите на Рива, семејството и пријателите ме исполнуваат со тага. Загубата на Риваи траумата што ја искусив тој ден ќе ги носам со мене до крајот од мојот живот – рече Писториус.

Писториус се соочува со доживотна затворска казна, судијата ќе ја издаде пресудата, бидејќи во Јужна Африка не постои судење со порота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top