Еди Рама ја одложи посетата на Белград што беше најавена за февруари. Според албанските медиуми, причина за одложувањето се парламентарните избори што ќе се одржат во Србија, пренесоа албанските медиуми од кабинетот на Рама.
Можноста за доаѓање на Рама во Белград неодамна ја најави министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ, но додаде дека не е договорен точниот датум на посетата.
Ова ќе беше прва посета на еден претседател на албанска влада уште од 1946 година кога во Белград престојуваше Енвер Хоџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


