| четврток, 6 декември 2018 |

Фалангата ја освои НБА, Американците со симпатии ја следат авантурата на Антиќ (фотогалерија)

Македонската фаланга и поддршката што му ја даваат навивачите во „црвено-жолти“ бои на Перо Антиќ, на терените од НБА-лигата е симпатична приказна за Американците. Коментарите се позитивни, особено по последното гостување на Пери и Атланта хоукс во Канада, на дуелот со Торонто.

Во организација на Здружението „Македонска нација“, Перо беше бурно поздравен од околу шестотини нашинци во Канада, а организаторите на мечот дури испратија и специјален поздрав до македонските навивачи  на големиот семафор во „Ер Канада“ центар.

navivaci1

„Изгледаше симпатично и необично со македонските навивачи собрани на едно место во салата. Штета што нивниот миленик Антиќ не настапи поради повреда“, е еден од коментарите на кошаркарските форуми, што ја следат НБА-лигата.

navivaci

Еуфорија има каде и да настапува Антиќ, а „фалангата“ со особено внимание ги следи игрите на првиот македонски кошаркар во НБА-лигата.

navivaci2

Перо моментно не настапува за Хоукс, поради дисторзија на скочниот зглоб, но поддршката на нашите навивачи не попушта каде и да настапуваат „јастребите“ од Атланта.

navivaci3

Тоа го потврдува и галеријата со фотографии од последното гостување во Торонто.

navivaci 5

 

navivacki

navivaci 9

 

navivaci11

Фото: „Макединија њуспејпер“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top