Со растот на фондот за седумка, кој во моментов изнесува преку 330.000 евра или над 21.000.000 денари, расте интересот и на играчите, не само за учество во играта на среќа „Ново лото 7/34“, туку и во дополнителната игра „Џокер“.
Токму 13. коло на „Ново лото 7/34“ оваа среда ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 224.812.00 денари или повеќе од 3.600 евра. Уплатата е извршена на продажно место Р.Е. ИДА во Скопје.
Нашиот играч, покрај уплатените 6 комбинации, уплатил само еден џокер-број со вредност од 20, а добил над 224.000 денари или Џокерот му донел 10 000 пати поголема добивка од влогот.
Само за потсетување, во 5. коло од оваа 2014 година имавме и добитник на премијата 6+1.
Уплатата за 14. коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи утре, 15. февруари на телевизија „Сител“, вообичаено со прекрасната лото-девојка Марјана Станојковска.
Примерот на играчот кој за 20 денари доби над 224.000 денари е потсетување за сите играчи на „Ново лото 7/34“, да не забораваат при уплатата на своите среќни броеви да уплатат барем еден џокер-број. Уплатата на еден џокер-број чини 20 денари, а на едно помошно ливче може да се уплатат до 20 џокер-броеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


