| четврток, 6 декември 2018 |

Во пет до 12 на скопскиот плоштад ќе се танцува против насилството врз жените

v-den

Под мотото „Една милијарда се крева за правда“ денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележан В-Денот против насилството врз жените.

Денот ќе се одбележи со танц во пет минути до 12 со химната на годинашната кампања „Break the chain“. Со танцот организаторите ги повикуваат и охрабруваат жртвите на насилство да му стават крај на насилството.

Според статистиката, една од три жени е малтретирана во текот на својот живот, што значи дека повеќе од една милијарда жени се жртви на физичко, сексуално, вербално, психичко и економско насилство.

Во Македонија се подготвува нов закон за превенција од семејно насилство, кој се очекува да ја засили улогата на институциите во заштита на жртвите од насилство, а со самото тоа да овозможи и полесен и побрз пристап до правдата, на што се става акцент на годинашната кампања.

В-Денот е светско движење за превенција, третирање и запирање на насилството врз жените кое има за цел на креативен и мобилизирачки начин да ја поттикне јавната свест околу нулта толеранцијата за разните видови на насилство, силувања и трговија со бели робје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top