| четврток, 6 декември 2018 |

Ново шоу на Кевин Дурент

На еден ден пред олстар-викендот ноќеска во НБА-лигата се одиграа само два натпревара, а победи запишаа екипите на Чикаго и на Оклахома.

Чикаго на домашен терен го совлада Бруклин нетс со резултат 92-76. Најефикасни во победничкиот тим беа Гибсон со 16 и Бузер со 15 поени, додека кај Бруклин најдобар беше Пирс со 15 поени.

Во другиот натпревар Оклахома му нанесе нов пораз на Лејкерс совладувајќи го во Лос Анџелес со 107-103. По обичај, во дресот на Тандер, најдобар беше Кевин Дурант со 43 поени, 12 скока и седум  асистенции, кај домаќините најефективни беа Џонсон и Кејман со по 19 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top