
Раперот Марко Шелиќ, попознат како Марчело, по три години повторно ќе има концерт во Скопје, во клубот „Хавана“. Тој ќе настапи со своите добро познати „Филтери“ и со „Исказ“, а домашна поддршка ќе биде скопскиот хип-хоп состав „Зад аголот“.
Марчело првпат пред скопската публика во живо ќе ги изведе и некои од песните од неговиот албум „Напет шоу“, кој се очекува да излезе напролет. Албумот беше најавен со сингловите „Пегла“ и „Лага“, кои на Марчеловиот службен „Јутјуб“ канал во само два месеца, имаат повеќе од еден милион посети и веќе се пеат од страна на публиката на неговите настапи во регионот.
Влезниците за концертот се продаваат во „Кастм паб“ и во „Љубов“, по претпродажна цена од 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


