Работната недела ќе ја завршиме со брза и краткотрајна промена на времето. Во утринските и рани претпладневни часови ќе имаме умерена облачност, а потоа очекуваме позначително наоблачување. Ова наоблачување ќе донесе само краткотраен слаб дожд низ котлините и сосема слаб снег во планинските краишта во западниот регион. Само наоблачување, без голема веројатност за врнежи, ќе има во југоисточната област од земјава. Дневниот максимум ќе биде понизок од претходните денови, па така максималната ќе достигне вредност помеѓу 7 Целзиусови степени и 10 Целзиусови степени низ котлините. Максимални 14 Целзиусови степени се очекуваат гевгелискиот и во дојранскиот регион. Во Скопје се очекува променливо време со позначително наоблачување околу пладне. Од ова наоблачување може да се очекува краткотраен и слаб дожд попладне. Максималната температура ќе биде 11 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.