| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за членство во НАТО од Унгарците во САД

nato grcijaВо пресрет на самитот на НАТО планиран за септември во Британија, Унгарската американска коалиција, организација што ги застапува Унгарците што живеат во САД, упати повик со поддршка за приемот на Македонија во НАТО.
– Го поздравуваме писмото упатено до секретарот Џон Кери со кое членови на Конгресот на САД ја изразија својата поддршка за проширување на НАТО. Натамошното проширување на алијансата секогаш беше значајна цел, особено за приемот на Македонија и на Црна Гора. Ние постојано ја поддржуваме работата на коалицијата за централна и за источна Европа и на Обединетата македонска дијаспора и нивните напори за членство во НАТО. Сите иницијативи што ќе го охрабрат спроведувањето на акцискиот план за членство и на Грузија и на Босна и Херцеговина, исто така, треба да бидат поддржани. Во 2014 година одбележуваме 15 години од приемот на Унгарија, Полска и Чешка во НАТО, и важно е да се потсетиме на првичните иницијативи за засилување на алијансата и за ширење на зоната на безбедност врз целата Европа. Сметаме дека проширувањето на НАТО е критично за идната соодветност и виталност на Алијансата, пишува во реакцијата на Унгарската американска коалиција.
Унгарската организација е дел од коалицијата за централна и за источна Европа, која се залага за приемот на поголем број држави од овој регион во НАТО, и за таа цел остварува средби со американската администрација и со Конгресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top