| четврток, 6 декември 2018 |

Утре дожд и 13 степени

dozd-vo-dekemvri-10

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на планините ќе има слаб снег. Повеќе врнежи се очекува да има во западните делови на земјата.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top