– Ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање на улична демократија и на дополнително делегитимирање на и така нелегитимните институции. Доколку нема одговор или наидеме на ѕид од власта, ќе преминеме на герилско дејствување, за да овозможиме предвремени парламентарни избори. И во буквална и во симболична смисла, преку блокада, оневозможување функционирање на нелегитимните институции, граѓанска непослушност – вели Георгиев.
Во брањата упатени кон власта за смена на кадри не се најде името на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.
– Трајко Велјановски по црниот понеделник е безначајна фигура. Тој беше само маша во рацете на Никола Груевски за реализација на насилното сценарио на власта и за кршење на Уставот и на деловникот на Собранието – вели потпретседателот на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


