Првиот човек за транспорт и врски Миле Јанакиевски денекса ја посети Гевгелија каде беше пуштен во употреба канализацискиот систем во Прдејци. Јанакиевски беше придружуван од страна на градоначалникот Иван Франгов.
Јанакиевски се појави и на поставувањето на камен-темелникот на новиот канализациски систем во Мрзенци, а воедно направи и обиколка на градежните активности на локалниот пат Негорци-Серменин.
– Добро е тоа што се повеќе населени места добиваат канализациски системи со што се подобрува квалитетот на живеење, а во Мрзенци тоа беше главно барање на жителите кое им се ветуваше 20 години. Проектите се реализираат во соработка на локалната власт и Владата, изјави Јанакиески, додавајќи дека проектот во Мрзенци треба да заврши до март годинава.
Министерот објасни дека овие и вакви слични проекти се прават во соработка со Европската инвестициска банка, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
Истите и се најавени во дел од програмата на градоначалникот а за нивно остварување ќе бидат обезбедени околу еден милион евра.
Градоначалникот Франгов рече дека со изградбата на канализацискиот систем во Мрзенци се прави значаен чекор кон подобрување на комуналната инфраструктура во ова населено место.
– Со вклучувањето на проектот во програмата на Министерството за транспорт и врски, како и одобрените 16,7 милиони денари од Европската инвестициска банка, се создадоа неопходните услови овој проект да стане реалност, а граѓаните на Мрзенци да го решат долгогодишниот проблем и да ги добијат сите карактеристики на урбана средина, оцени Франгов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанакиески за ТВ21: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски
-
Заостанатите долгови за вода oд денеска може да се плаќаат на рати без камата
-
Изградени 3 340 метри фекална и атмосферска канализација во населба Драчево
-
На плажа пукна цевка од канализација: Капачите советуваат не отворајте уста додека пливате ќе ви влезе го*но в уста! (видео)