Македонски Телеком го префрли и последниот корисник на новата ИП мрежа со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (АЛЛ ИП). Со инвестиција од 13 милиони евра, во тек на изминатите 25 месеци, се овозможи мигрирање во новата мрежа на 290.000 линии, објави денеска на прес-конференција во Скопје менаџментот на компанијата. Тоа значи дека од денеска телефонските разговори на сите корисници на компанијата се пренесуваат преку ИП, а цената за разговорите останува иста.
– Во Македонија заштедуваме 10 евра по корисник годишно. Главната заштеда всушност произлегува од енергетските заштеди, бидејќи ги елиминиравме сите подвижни елементи, исто така намалено плаќање кон нашите добавувачи, а исто така заштедуваме и трошоци за персонал за одредени технички услуги – ги објасни придобивките за компанијата Клаудија Немат, член на Одборот на Дојче Телеком за Европа и технологија.
Придобивката за деловните корисници, појасни, е тоа што со ИП трансформацијата може да се нарача широкопојасен интернет и многу бргу услугата да стартува.
Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком, истакна дека преку новата ИП платформа, секој нивни корисник ќе користи услугите брзо, квалитетно и ефикасно.
Со пренесувањето на 290.000-те корисници Македонија станува првата земја во Европа со ИП применет на целата територија.
Инаку, интернет протокол за телефонски разговори од почетокот на нудењето на овие услуги за македонските корисници користат и кабелските оператори Близу и Телекабел, но тие покриваат десетина градови, а не целата територија на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Фокус“: Акционерите обвинуваат – Рашковски се однесувал деспотски на Собранието на Телеком
-
Од командос до директор: Какви квалитети поседува Замир Мехмери за да биде предлог на Владата?
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?
-
Повторно падна Телеком, корисниците блокирани