| четврток, 6 декември 2018 |

Станал татко, а потоа ја исклучил сопругата од апаратите за дишење

бебе и татко

Робин Бенсон е 32-годишната жена од Ванкувер, Канада чија тажна приказна го потресе цел свет. Таа го роди Ивер Коен Бенсон во 28. недела, кој, за среќа, е добар. Таткото се радува, но и тагува – во исто време стана татко и вдовец. Неговата сопруга докторите ја одржуваа во живот по пат на апарати со цел нејзиното тело да ја износи бременоста која ја прекина ненадејната болест.

Сопругот Дилан Бенсон беше цело време покрај сопругата и пишуваше блог, кој го разнежни светот. Кога го видел синот првиот пат, тој напиша:

– Ова е најпрекрасното суштество што сум го видел досега. За жал, моравме да се збогуваме со најсилната, фантастична жена која мојот син никогаш нема да ја запозне. Робин многу ми недостига, секогаш ќе живее во моето срце и во нашето дете – напиша Дилан.

Робин пред пет недели почувстувала силна главоболка. Откако Дилан ја однел во болница, докторите откриле дека дошло до крварење во мозокот. За Робин немало спас, но за фетусот, кој се развивал во неа, единствен спас било мајката да се приклучи на апарати додека не се породи. Таткото цело време бил со мајката, а престојот во болница го платил со помош на донација од добри луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top