Пет откази во Агенцијата за катастар по направениот пропуст со земјиштето кај НБРМ, информира денеска оваа институција.
– По спроведената дисциплинска постапка, во согласност со Законот за државните службеници, Дисциплинската комисија утврди дека петте државни службеници сториле дисциплински престап – неизвршување односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и давање неточни податоци на државните органи, со што е предизвикана потешка значителна повреда на службената должност и угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности.
Поради тоа, во согласност со член 68 став (2) од Законот за државните службеници, изречена е дисциплинска мерка – престанок на вработувањето“ – информираат од Агенцијата.
Проблемот со земјиштето кај НБРМ, кое беше продадено по цена од 71 денар по квадратен метар, настана откако на истата парцела се појавија приватни сопственици. Министерството за транспорт и врски експресно го раскина договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД