И вториот од петте промотивни концерти на Каролина Гочева за новиот албум „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите три концерти 60 проценти од влезниците веќе се распродадени, информираат од „Авалон“.
Продукцијата потенцира дека е очигледно оти сите пет концерти ќе бидат распродадени, па апелираат до сите што сакаат да присуствуваат да ги набават влезниците навреме.
Концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет од 20 до 24 февруари.
Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигитално издание, е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“, како и на билетарницата на МОБ.
Албумот „Македонско девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25 февруари низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.